ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал им помага на организациите во успешната реализација на нивните проекти. Во рамките на оваа услуга, нашата компанија нуди експертиза за дизајн и имплементација на проекти, како и за мониторинг на прогресот и справување со крајните резултати.
Во оваа област, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ги нуди следните видови на услуги:
- Подготовка на проектни понуди и апликации кои се направени преку користење на професионално и екстензивно искуство на тимот. Се разбира, овие услуги ги нуди притоа внимавајќи на критериумите кои се поставени од страна на главните донатори, како што се: USAID, EU, SDC, SIDA итн.
- Подготовка на планови за имплементација, фасилитација на оперативно планирање и воспоставување на механизми на финансирање за разни проекти, институции и организации.
- Подготовка на планови за мониторинг и самоевалуациски процедури за значајни проекти и институции со цел да се подобри нивниот развој и нивната продуктивност.
- Подготовка на извештаи за проценка врз основа на темелно истражување преку користење на најсовремени алатки во разни активности и сектори на дејствување.
- Организација на основна проценка, тековни и финални евалуации на различни степени на проекти и активности. Со нив, се добиваат реалистични наводи и информации со кои се изработуваат препораки за потребите на клиентите.