Нашиот тим е подготвен да понуди правни услуги на домашни и странски инвеститори на полето на економски развој.
Преку обезбедување на правни услуги за регистрација на компании и поддршка на бизнис активностите, преговарање и договарање, препораки и анализи поврзани со бизнис климата и подготовката на тендерска документација, застапништво пред надлежни судови и други органи, се грижиме нашите клиенти да ги добиваат сите услуги кои им се потребни.
ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал го дели деловниот простор и соработува со адвокат Павлина Димовска која на полето на граѓанското и деловното право има исклучително познавање и практично работно искуство.
Правните услуги кои ги нуди нашата компанија вклучуваат:
- Правна експертиза и мислење за домашни и странски правни лица;
- Анализа на правна регулатива согласно потребите на клиентите;
- Правно толкување на законската регулатива;
- Правно советување за административни и управни постапки;
- Правно советување од областа на облигационите односи;
- Консултантски и советодавни услуги во областа на бизнис и корпоративното право;
- Подготовка на тендерска и друга релевантна проектна документација;
- Подготовка и советодавни услуги за договарање;
- Процес и активности поврзани со приватизација;
- Правна регистрација (компании, вработени, даноци и други услуги);
- Застапување на правни и физички лица пред надлежни органи на државната управа и пред надлежни судови во државата, како и други правни услуги.