• English (United Kingdom)
  • Македонски (MК)
Services
29 Мај 2017

Студии, истражување и анализа на пазари

ЕПИ Центар Интернационал нуди соодветни консултантски услуги во бизнис сферата насочени кон развој на микро, мали и средни претпријатија во насока на подобрување и јакнење на индивидуалната и на колективната компетитивност на пазарот.

Покрај другото, нашата компанија нуди индивидуални консултантски услуги на секој клиент кои се основаат на нивните потреби и се остваруваат низ суштинска соработка со клиентот во склоп на меѓународно признаени методи и пристапи на работа. Токму затоа, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал им помага на деловните субјекти да ја вклучат современата бизнис клима во своето секојдневно работење, сè со цел да се максимизира ефективноста и да се креира одржлива позиција на компетитивност.

Во ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал можете да добиете услуги насочени кон спроведување на истражувања и анализи на пазари преку подготовка и организација на самиот процес. Со ова се обезбедува детална анализа за индивидуални пазари за Вашите потреби.

Воедно, нашата компанија нуди услуги на изготвување на маркетинг и позициска стратегија за посебни продукти или посебни целни групи, базирани на темелни истражувања и анализи.

  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Проекти
  • Новости
  • Контакт