Јавно-приватното партнерство е заедничко вложување помеѓу владините служби како јавен партнер и приватните бизниси.
Препознавањето на потребата за мобилизација на заеднички напори е со цел поддржување на систем во кој добрите меѓусебни односи и соработка помеѓу јавните и приватните партнери се градат и одржуваат.
Идентификација на потенцијални проекти, избирање на модел на јавно-приватно партнерство, подготовка на физибилити студии, подготовка на тендерска документација, како и обезбедување поддршка на партнери од приватниот и јавниот сектор со цел осигурување на успешен завршеток на процесите.
Принципот на партнерство има голема важност во пристапот на нашата компанија кон работата. Токму затоа, партнерството на јавниот сектор со еден или повеќе претставници на приватниот сектор ги здружува силите на двата сектори со цел да тие заедно ги оптимизираат активностите на финансирање и извршување на еден проект.
Во рамките на овие услуги, нашата компанија подготвува:
- Поддршка во преговори помеѓу партнерите поврзани со основање и работење на јавно-приватно партнерство;
- Помош во подготовката на целосна тендерска документација, модел-договори за јавно-приватно партнерство, како и подготовка за концесиски преговори;
- Анализа и толкување на правна регулатива за поедини јавно-приватно партнерство;
- Целосно сценарио и анализа на трошоци за специфична капитална инвестиција и давање на препораки за избирање на најсоодветниот модел на јавно-приватно партнерство.