• English (United Kingdom)
  • Македонски (MК)

Епи центар дел од B-READY Проектот на Светска Банка

Епи Центар Интернационал учествуваше во проектот на Светска банка Business Ready (B-READY), во Пилот I на проектот, кој е нов и амбициозен потфат да се развие силен приватен сектор за да се стави крај на сиромаштијата на меѓународно ниво.

Епи Центар Интернационал учествуваше во проценка и мерење на условите за водење на бизнис во повеќе економски области преку обезбедување податоци во специјализирани прашалници за меѓународна трговија во однос на јавните услуги; прописи за трговија со стоки и услуги; комунални услуги и вода. Нашата експертиза обезбедена преку преглед на регулатива, интервјуа и истражувања, придонесе за значајна имплементација на проектот и процена на деловната и инвестициската клима ширум светот.

Business Ready (B-READY) претставува нов водечки извештај на Светска банка за мерење на деловното опкружување и инвестициската клима во повеќе економии ширум светот. Извештајот ја проценува регулаторната рамка и јавните услуги насочени кон компаниите, како и ефикасноста со која во пракса се комбинираат регулаторната рамка и јавните услуги.

Дополнителни информации за проектот може да погледнете на следниот линк: https://www.worldbank.org/en/businessready.

  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Проекти
  • Новости
  • Контакт