Студија за искористување на органскиот отпад од винарските визби - Биореал, Дервен

Project Description

 

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран од Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес за изработка на Студија за одржливо и ефикасно искористување на органскиот отпад што произлегува од производството на вино и другиот органски отпад во Вардарскиот плански регион.

Главната цел на проектот беше да се истражи потенцијалното техничко решение за управување со органскиот отпад од винската индустрија што може да се интегрира во генералниот план за управување со отпад за регионот, преку највисок квалитет на професионална анализа (студија) на тековните состојби и стратегии во таргетираниот сектор.

Подготвената студија дава јасна слика за тековната состојба на оваа проблематика во регионот во однос на преостанатиот органски отпад од индустријата за производство на вино, како и препораки за идните активности за следење во однос на локалните планови за оперативно управување и подигање на свеста кај винариите за потенцијална употреба на органски отпад од производство на вино.

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • Јавно комунално претпријатие Дервен од Велес
  • 30-09-2019
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.