Евалуација на ИПА II поддршката од ЕУ за земјоделскиот и руралниот развој во Северна Македонија

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, ангажиран од Ecorys Nederland B.V., ја спроведува евалуацијата на ИПА II поддршката на Европската Унија во секторот земјоделство и рурален развој во Република Северна Македонија, опфаќајќи ги годишните акциски програми од 2015 и 2019 година. Оваа евалуација е дел од пошироката заложба на Европската Унија за проценка на влијанието, одржливоста и додадената вредност на својата финансиска поддршка, во контекст на процесот на пристапување на земјата кон ЕУ.

Проектот ги опфаќа интервенциите финансирани со над 27 милиони евра, насочени кон јакнење на конкурентноста на земјоделскиот сектор, подобрување на условите за живеење во руралните средини и усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ и стандардите за безбедност на храна. Активностите се спроведуваат во рамки на FWC SEA 2023 – Лот 16: Евалуација на ниво на интервенции, по нарачка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Евалуацијата има за цел да обезбеди независна и докази-базирана проценка за тоа како средствата од ЕУ придонеле кон реформите во секторот земјоделство и рурален развој. Анализата ги опфаќа следниве области:

  • Консолидација на земјиште и системи за наводнување – проценка на поддршката за преструктурирање на земјиштето и за ефикасни системи за наводнување;

  • Задруги и советодавни услуги во земјоделството – анализа на влијанието на поддршката за земјоделски организации, пренос на знаење и рурален претприемачки развој;

  • Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика – преглед на усогласеноста со ЕУ законодавството, институционално јакнење и инвестиции во инфраструктура и опрема;

  • Шумарство и климатска отпорност – оценка на напредокот во одржливо управување со шумите и адаптација на секторот кон климатските промени;

  • Интегриран административен и контролен систем (IACS) – евалуација на поддршката за воспоставување систем за земјоделски плаќања по моделот на ЕУ.

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал води значајни сегменти од процесот на евалуација, вклучувајќи:

  • Теренско истражување и консултации со засегнати страни – директна работа со јавни институции, земјоделци, задруги, инспектори и претставници на граѓанското општество;

  • Темaтска и институционална анализа – проценка во рамки на осум тематски области, усогласени со националните и европските приоритети;

  • Примена на евалуациски критериуми на ОЕЦД-ДАК и ЕУ – проценка според критериумите: релевантност, ефикасност, ефективност, одржливост, влијание и додадена вредност од ЕУ.

Оваа работа се базира на реконструирана логика на интервенција и Теорија на промена за секоја тематска област. Евалуацијата комбинира квантитативни и квалитативни податоци, прибрани преку анализа на документи, теренски посети и интервјуа, со цел да се обезбеди избалансирана и веродостојна проценка.

Очекувани резултати и придонес

  • Сеопфатен преглед за тоа како ЕУ поддршката придонела за структурни промени во земјоделскиот и руралниот сектор;

  • Практични препораки за подобрување на стратешкото планирање, спроведувањето и одржливоста на идните ИПА и национални програми;

  • Идентификација на главните предизвици, пропуштени можности и добри практики низ анализираните интервенции;

  • Вреден придонес за програмирањето на ЕУ за периодот 2027–2030 година, со значење за националните носители на одлуки и пошироката заедница на засегнати страни.

Project Details

  • Мониторинг и Евалуација
  • ECORYS Nederland B.V.
  • 17-07-2025
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.