Петгодишна Стратегија за Одржлив Развој и Реорганизација на ФФРМ

Project Description

Во согласност со целта за организациска одржливост на ФФРМ, ЕПИ ЦЕНТАР беше ангажиран да припреми петгодишна организациска стратегија за одржлив развој и реорганизација на ФФРМ, имајќи ја предвид основната функција на  посредување и претставување врз основа на демократски принципи. Документот беше составен со учество на две работни групи (стратешка и административна) кои го претставуваа раководниот персонал на ФФРМ, регионалните центри и одборот на директори. 

Стратешкото планирање вклучуваше опсежно:

  • евалуација на постојните стратешки документи, минати извештаи за перформанси и финансиски извештаи;
  • процеси на засебни интервјуа преку соодветни прашалници со вработените, членовите и раководството на ФФРМ како и со потенцијални нови членови;
  • детално финансиско планирање преку организирани сесии за стратешко планирање на кои идеите за нови продукти и услуги би биле дефинирани со проекција на финансиските импликации.
  • Процесот опфаќаше анализа на финансиската одржливост на организацијата и услугите кои таа им ги дава на нејзините членови и:
  • дефинирање на минималните услуги потребни за ФФРМ, врз основа на мисијата на и визијата за ФФРМ;
  • проектирање на кумулативните трошоци и издатоци  кои дефинираните услуги би ги генерирале на сите организациски нивоа во рамките на ФФРМ (борд на директори, раководство –главна канцеларија, регионални канцеларии) во периодот 2009-2013; и
  • дефинирање на услугите кои регионалните канцеларии треба да ги обезбедат за да генерираат приходи за финансиска одржливост и успешна имплементација на  главните функции на ФФРМ.

Исходот од стратешкото планирање резултира со: детални извештаи за стратешките ставови на директните учесници на ФФРМ заeдно со нивните професионални способности, идентификација и физибилити на специфични продукти на ФФРМ за добивање финансiска стабилност, предлог за одговорност и план на менаџмент на човечки ресурси со цел оптимизација на времето, цели за продажба на специфични услуги и други потребни активности за постигнување финансиски и организациски развој на ФФРМ во форма на стратешки документ.

Вклучени експерти:

  • 1 раководител на тимот
  • 1 експерт за финансиска анализа
  • 1 експерт за организациска анализа

Project Details

  • Стратешко и Бизнис Планирање
  • Federation of Farmers of Macedonia
  • 01-07-2015
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.